Американецот Маркус Џексон е најновото засилување на кошаркарскиот суперлигаш АВ Охрид, пренесува „Охрид њус“. 24-годишниот крило доаѓа од колеџ тимот на Санта Барбара го засилува составот на новиот стратег Марјан Илиевски и со тоа клубот од Охрид потврди дека во новата сезона планира да одигра сериозна улога. Џексон е седмото засилување за клубот откако претходно меѓу „галебите“ пристигнаа Марјан Младеновиќ, Војче Лефковски, Адем Мекиќ, Игор Пенов, Александар Штерјов и Данило Мијатовиќ.

Се очекува во клубот да пристигнат уште еден до двајца странски играчи и со тоа ќе биде комплетиран ростерот за новата сезона.