Се е јасно: Црвена звезда против Копенхаген (вторник, 20.45) го игра најважниот меч во првиот дел од сезоната. Успех во двомечот против најдобрата екипа во Данска би им гарантирал европска есен на црвено-белите и подем на сите нивоа. Само што задачата која ја имаат пред себе не е лесна. Гледајќи ги сите параметри, тимот на Стале Солбакен е благ фаворит за пласман понатаму.

Се работи за тим кој е редовен учесник во групните фази на УЕФА натпреварувањата во претходната деценија. Имаат континуитет, бидејќи со години ги води ист тренер, меѓутоа… Секако дека Црвена Звезда има шанси, иако во последно време не игра баш најдобро. Безболниот пораз во Хелсинки ја олади еуфоријата меѓу црвено-белите навивачи, бидејќи тоа беше прв неуспех во квалификациите за четата на Милојевиќ уште од 2017 година и Краснодар.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – Квалификации (3. коло, прв натпревар)

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – КОПЕНХАГЕН
Вторник 20.45

ПРЕДЛОЗИ
ВГ 0-1    2,70
КМБ 1Х&0-2       2,00
* квотите подлежат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ НА ОВОЈ ЛИНК

Звезда и Копенхаген никогаш претходно не играле меѓу себе, но „црвено-белите“ имаат скор од две победи и две ремија со дански опоненти (во минатото запишале победа и реми со Лингби и победа и реми со Оденсе). Koпенхаген само еднаш се соочил со српски ривал и тоа Обилиќ со скор од победа и реми 

Копенхаген на добар начин на отвори сезоната. Врзаа шест победи, недопирливи се во домашното првенство, лесно го исфрлија велшкиот ТНС. Во овој преоден рок останаа без најдобриот играч Сков (тренерот се лутеше што му го продадоа во најважниот дел од сезоната), а прашање е дали на „Маракана“ ќе истрча и играчот за врска Фалк.

Можеби звучи контрадикторно, но Црвена Звезда треба да бара победа преку силната дефанзива. Откако Владан Миливојевиќ раководи со тимот само ПСЖ успеа на „Маракана“ да постигне повеќе од еден гол. На „нула“ се оставени Спарта, Келн, Салцбург, Наполи, Ливерпул, ЦСКА Москва. Ако Звезда го повтори тој подвиг ќе биде блиску до голем успех и капитал пред реваншот во главниот град на Данска.

Тренерите на двата тима Солбакен и Милојевиќ имаат слична филозофија. Копенхаген, барем на хартија, игра нешто поофанзивно, со двајца напаѓачи. Меѓутоа, се укажува дека тренерот на Копенхаген ќе игра внимателно во желбата да ја сочува мрежата и да направи добар резултат пред мечот на „Паркен“ стадионот. А тоа значи само едно.

Мал број на голови е загарантиран на најголемиот српски стадион. Похрабрите можат да одиграат и 0-1 гол.

Интересно е што на последните пет натпревари на Звезда оваа сезона имаше 2-3 гола. Секако, кецот секогаш е опција, затоа што Звезда под водство на Милојевиќ ретко губи на свој терен.