Десното крило на Металург, Реваз Чантурија се пожали на повреда на задната ложа по само една недела од подготовките на „металурзите“ за новата сезона.

Крилото ќе работи по посебна програма во следните две недели, но ќе му биде на располагање на тренерот Дамир Стојановиќ, на подготовките на Копаоник, на кои тимот заминува денеска.

Металург во Скопје ја одработи првата фаза од темпирањето на формата, а сега се сели во Србија каде од 6 до 12 август ќе продолжи со висински и базични подготовки.

На тимот му се приклучи и новото засилување Иракли Кбилашвили, кој го пропушти стартот поради административни причини.