Александар Трајковски во наредните 48 часа и официјално ќе биде нов член на Мајорка, екипа која во претстојната сезона ќе биде дел од ЛА Лига, елитното друштво во шампионатот на Шпанија.

Договорот е постигнат, а во него стои дека нашиот репрезентативен офанзивец ќе добива 650.000 евра по сезона, додека откупната клаузула Мајорка ја „дигна“ на 45 милиони евра. Алекс во наредните часови треба да ги мине прво лекарските прегледи, а потоа Мајорка и официјално да го промовира.