Супер вест ни доаѓа од Италија! Јувентус ја прифатил понудата на Тотенхем од 70 милиони евра за Пауло Дибала, но сепак сега се зависи од аргентинскиот фудбалер кој претходно го одби Манчестер Јунајтед, пренесува „Скај спорт“.

Јувентус претходно ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед во размена за Ромелу Лукаку, меѓутоа на Дибала постави високи финансиски побарувања, освен висока плата побара и процент за неговиот агент што во Јунајтед го оценија како несериозен потег на фудбалерот и се повлекоа. Така пропадна зделката.
На ред е Тотенхем. Можеби Дибала поинаку ќе се однесува сега затоа што тренер на „Спарси“ е неговиот сонародник Маурицио Покетино. Офанзивниот напаѓач од Јунајтед бараше годишна плата од 12 милиони евра плус бонуси и плус 15 милиони евра провизија за агентот.

Ако го побара тоа и од Тотенхем, тогаш не знаеме дали лондончани ќе прифатат Дибала да биде поскапо платен и од првата ѕвезда Хари Кејн.
А италијанскиот експерт за трансфери Николо Шира вели дека аргентинскиот фудбалер не е премногу воодушевен и од Тотенхем. Тој сака да остане во Торино.