Во пресрет на Мундобаскетот во Кина, селекторот на САД, Грег Попович се соочи со низа откажувања, а на стартот на подготовките тој имаше што да им порача на кошаркарите.

„Не мислам на тие кои не се тука, туку мислам на присутните. Учеството на едно Светско првенство е многу повеќе од било кој НБА тим, но некои не го сфаќаат тоа. Кога ќе се пензионираат ќе им стане јасно што пропуштиле. Имам одлични кошаркари во тимот и ќе направам сè да го извлечам најдоброто од нив“, порача Попович на првиот ден од тренинг-кампот.

Попович се соочи со 16 откази во пресрет на СП.