Се сеќавате кога белорускиот клуб Динамо Брест го именува Диего Марадона за претседател? Тоа беше во мај 2018 година, меѓутоа неговата авантура во клубот траеше кратко затоа што замина во Мексико да го предводи тамошниот второлигаш Дорадос.

Марадона закрепнува по операцијата на десното колено, а од белорускиот клуб му посакаа побрзо закрепнување. Претставниците на Динамо Брест му спремија уникатен подарок, специјално дизајниран „Харли Дејвидсон“ со боите на Аргентина и бројот 10, златна топка на предното тркало.