Денеска се одржа состанок на клубовите од Првата лига или Здружението на прволигашите. Се отворија неколку теми во врска со мак –фудбалот и стартот на сезоната. Најинтересно беше тоа девет клубови, освен Борец, побараа да не се игра фудбал на стадионот во Велес ако температурата е над 30 степени Целзиусови. Познато е дека на тој стадион теренот е со вештачка трева и кога временските услови се пеколно топли, тогаш настанува проблем. За тоа дали ќе се игра во Велес или не допрва ќе се види. Сепак ставот на клубовите не е за занемарување.

На овој состанок се расправаше и за новото правило „Младинец“. Во врска со ова Шкендија побара пролонгирање за една година, познато е, а „СПОРТМЕДИА“ вчера објави, дека шампионот ќе си има проблем со оглед на тоа дека досега сите младинци кои беа стартери во минатата сезона, играат во младите селекции на Албанија.