Денеска започнуваат квалификациите во Лигата на Шампионите за жени. Нашиот првак, екипата на Драгон е во групата 1, во која се и домашниот Сараево од БиХ, потоа АСА Тел – Авив од Израел и Бреидаблик од Исланд.

Првиот меч Драгон ќе одигра попладнево и тоа против Сараево на стадионот во Зеница, со почеток од 17 часот. Втората средба е закажана за 10 август и тоа против Бреидаблик, а во последниот меч од групата, нашите шампионки ќе ги одмерат силите против АСА Тел – Авив на 13 август.