Дин Аломеровиќ (22) и натаму ќе игра фудбал на Пиринеите. Левиот бек, инаку екс младински репрезентативец на Македонија, направи трансфер од Саламанка во Ла Нусија, тим од третата по ранг шпанска лига.

Тој претходно играше во Фуенлабрада и Селта Виго Б. Потекнува од школата на Вардар, а во Македонија настапуваше и за екипите на Еуромилк и Македонија ЃП.