Нашиот шампион во женски фудбал, екипата на Драгон со висок пораз стартуваше во квалификациската група 1 во Лигата на Шампионите. На мечот од првото коло, Сараево со 5:0 успеа да слави во меч во кој екипата на БиХ, инаку турнирот се игра во Зеница и Сараево, во секој сегмент од играта беше подобар од нашиот тим. Стрелци за головите за Сараево беа Медиќ 9.минута, Спахиќ во 59., Ѓоковиќ во 76., Бојат во 85.минута и 90. Во вториот меч од оваа група, екипата на Бредиаблик од Исланд со 4:1 ја победи АСА Тел – Авив. На 10 август нашиот шампион во 2.коло се среќава со екипата од Исланд.