Денеска продолжија наптреварите од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите, а победи забележаа Олимпијакос и Порто и тоа на гостински терен. Драматично беше во Истанбул на дуелот Башакшехир и Олимпијакос. По првиот дел имаше дури пет жолти картони од кои четири за домашните фудбалери поради група игра. На почетокот на второто полувреме на нафрлување на Валбуена, Јоргос Масурас го доведе грчкиот тим во водство. Домашните во 80 минута останаа со играч помалку поради втор жолт картон на Кавечи. Во 92 минута Башакшехир доби пенал. Дефанзивецот на Олимпијакос Бруно играше со рака, а судијата тоа го виде. Босанскиот репрезентативец Един Вишќа застана на 11 метри но неговиот шут го одбрани голманот Хозе Са.

Така Олимпијакос ќе има предност на реваншот во Атина каде важи за голем фаворит. Турскиот вицешампион на кого ова му е второ излегување во ЛШ ќе се надева на чудо за пласман во плеј-офот.

А Порто го победи Краснодар на гости. Се чинеше дека мечот ќе заврши без победник и без голови, но во 89 минута Сержо Оливеира од слободен удар ја затресе домашната мрежа и ги разочара фудбалерите и навивачите на овој клуб. Славниот Порто е чекор поблиску до пласман во наредната фаза.