Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни ги изненади сите со потпишувањето на договорот со Дерби Кантри да биде играч-тренер во клубот, кој се натпреварува во Шампионшип.

Англиските медиуми ја обелоденија вистинската причина за ваквиот чекор на Руни, односно со враќањето дома се труди да си го спаси бракот и семејството.

Според тврдењата неговата сопруга Колин не можела да се навикне на животот во САД, па Руни на крај одлучил да се вратат дома.

„Во последните година дена го молеше да се вратат во Англија. Бараше од него првпат да ги стави неа и децата пред кариерата. Ќе загуби милиони, но тој одлучи дека семејството е пред сè“, тврди за Сан, извор близок на семејството.

Колин веднаш ќе се врати во Англија заедно со нивните четири деца, додека Руни ќе им се приклучи во декември кога ќе ја заврши сезоната со ДС Јунајтед.