Висар Муслиу вчера го одработи првиот свој тренинг во новата средина, во тимот на МОЛ Фехервар, каде што веќе извесно време е Бобан Николов. Интересно е тоа што овие двајца наши млади фудбалери, едни од најдобрите, по четвртипат ќе бидат заедно, во една иста клупска или репрезентативна средина.

Боби и Висар прво почнаа во младата селекција до 21 година со која играа на ЕП во Полска во 2017 година, потоа играа во Вардар во времето кога нашиот најтрофеен клуб беше шампион и играше во Лигата на Европа, секако тука не забораваме дека играат и во нашата најдобра репрезентација. Еве сега го сочинуваат македонскиот тандем на МОЛ Фехервар.