Прволигашот Ренова летово активно работи на трансферниот пазар со тоа што ангажираше многу нови играчи, а најнов член на клубот од Џепчиште е офанзивниот играч за врска Јасир Селмани. Тој всушност се враќа во редовите на „гипсарите“ за кои играше во сезоната 2015/16. Во нашата држава има настапувано уште за Шкендија и Гостивар, а исто така има настапи за албанска Влазнија и косовски Феризај.