По неколку неделна неизвесност околу иднината на Ромелу Лукаку, конечно, е најдено решение. Белгискиот напаѓач ќе игра за Интер! По трите одбиени понуди од „нероаѕурите“, Јунајтед под притисок на времето реши да го продаде белгискиот напаѓач на клубот од „Џузепе Меаца“. Двете страни постигнале усмен договор, меѓутоа не се познати детали од зделката.

Неколку извори со различни детали, така на пример „Скај Италија“ пишува дека Интер ќе плати 65 милиони евра плус 13 во форма на бонуси, „Тутомеркато“ оди на 70 милиони евра плус 13 преку бонуси, а „Калчомеркато“ вели дека сумата е 80 милиони евра плус бонуси.

Како и да е ова ќе биде крај на сагата околу Белгиецот откако претходно пропадна можноста да му се приклучи на Јувентус, а Јунајтед одби три понуди од Интер.

Неофицијално, корпулентниот белгиски репрезентативец ќе потпише петгодишен договор со плата од 7,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Се очекува во текот на утрешниот ден зделката да биде комплетирана.