По одличниот настап на јуниорската репрезентација на европската сцена стапува машката кадетска репрезентација на Македонија, која денеска патува за Удине, Италија каде ќе учествува на Европското првенство за кошаркари до 16 години.

Македонија е дел од групата Б каде за противници ги има селекциите на Летонија, Израел и Шпанија. ЕП за кадетите стартува на 9. август со натпреварот против Шпанија, втор ривал ни е Израел, ден подоцна, додека групната фаза ја заокружуваме со Летонија на 11. август.