Европската фудбалска унија (УЕФА) ги објави номинациите за најдобрите три фудбалери по позициите за сезоната 2018/2019 во пресрет на изборот за најдобар играч во Лигата на шампионите за изминатата сезона.

Фудбалерите на Ливерпул доминираат во номинациите за гала-свеченоста која е закажана на 25 август во Монте Карло.

Новинарите од групацијата Европски спортски медиуми (ЕСМ) меѓу кои е и СПОРТМЕДИА, која исто така гласаше на овој избор, како и тренерите го креираа списокот од тројца играчи по позиции.

НОМИНАЦИИ ПО ПОЗИЦИИ:

Најдобар голман: Алисон Бекер (Ливерпул), Уго Лорис (Тотенхем), Марк Андре Тер Штеген (Барселона)

Најдобар одбранбен фудбалер: Вирхил Ван Дијк (Ливерпул), Александер Арнолд (Ливерпул) Матајс Де Лихт (Ајакс/Јувентус)

Најдобар фудбалер од средниот ред: Џордан Хендерсон (Ливерпул), Кристијан Ериксен (Тотенхем), Френки Де Јонг (Ајакс/Барселона)

Најдобар напаѓач: Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус), Садио Мане (Ливерпул)