Шпанскиот ветеран Фелисијано Лопес е една од ѕвездите на АТП турнирите, но тоа не значи дека е безгрешен. 37-годишниот шпански тенисер игра со британската ѕвезда Енди Мареј на турнирот во Монтреал. Го добија дуелот од 1.коло против полско-бразилската комбинација Лукаш Кубот-Марсело Мело, меѓутоа на тој меч се случи еден интересен момент. Во првиот сет, Мари и Лопес загубија поен кога шпанскиот тенисер реши да го скроти топчето кое веќе беше во аут. Погледнете.