Македонскиот репрезентативец Александар Милков својата богата интернационална кариера ја продолжува на Кипар, каде стави потпис со 13. клуб за кој ќе настапува – Еносис Неон.

Искусниот примач се договори на една година, со екипата која ќе претендира за шампионската титула во новата година на островот. Милков ќе биде четвртиот странец (во тимот има тројца Срби).

Милков својата кариера ја започна во Струмица и Работнички Фершпед со кој настапуваше и во европските клупски купови, потоа шпанска Тарагона, Ремат Залау во Романија, АСМ (Тунис), Младост Кастела од Хрватска, Енисеј во Русија, Ал Гарафа (Катар), една сезона мина во грчки ПАОК, потоа Монпеље од Франција, Бушрија (Либан) додека на Кипар доаѓа по две сезони минати во француски Сент Квентин.