Четири натпревари во новата сезона одигра Партизан и ги доби сите четири. И тоа без примен гол. Но сега е вистинското искушение за црно-белите затоа што објективно гледано, Конахс, Инџија и Мачва не се на нивото на „Парниот валјак“.

Партизан немаше среќа на ждрепката за третото квалификациско коло за Лига Европа. Од сите ривали кои можеше да ги добие, Малатија е најсилниот. А Турците имаа и среќа во второто коло, затоа што после 2:2 на свој терен ја поминаа Олимпија со победата во Љубљана со 1:0.

Без оглед на тоа што досега победуваше послаби тимови, Партизан има причина за оптимизам. Пред се, оваа екипа и оваа игра на црно-белите не личат на составот од минатата сезона кој имаше серија на натпревари без победа. Тимод на Саво Милошевиќ игра брзо, поефикасно, исклучително добро во нападот, создава многу шанси, а и има висок процент на реализација. Против Конахс и Мачва, во четири дена, црно-белите постигнаа седум голови.

ЛИГА ЕВРОПА – Квалификации (3. коло, прв натпревар)
ПАРТИЗАН – МАЛАТИЈА
Четврток 21.00

ПРЕДЛОЗИ
ВГ 2-3    1,95
КМБ 1X&2+        1,83
* Квотите подлeжат на промени

Најважно за српскиот тим е да впише било каква победа над Малатија без примен гол. На досегашните четири натпревари голманот Стојковиќ едвај да  имаше интервенција…

Штоо се однесува до турскиот клуб, ова му е прво излегување на меѓународната сцена во историјата. Меѓутоа, не може да се зборува за некакво неискуство, затоа што црно-црвените имаат искусни играчи во составот на кои играњето во Европа не им е непозната „територија“. Тука е поранешниот играч за врска на Звезда Мичел Доналд, потоа турскиот репрезентативец Гокан Торе, македонскиот бомбардер Адис Јаховиќ, Бразилецот Гиљерме кој играше за Брага и Легија… Кога се ќе се собере, во прашање е искусен состав на кого нема да му се затресат нозете на стадионот во Хумска.

Она што е предност на Партизан е недоволната воиграност на Малатија затоа што првенството во Турција уште не почнало, а дека сите коцки не се наредени како што треба најдобро се виде во првиот меч со Олимпија кога дома прими два гола, а можеше и уште најмалку два.

А Партизан ќе се бори и против традицијата. Никако не му лежат турските клубови и со нив има негативен биланс. Испаѓаше од Европа од Фенербахче и Бешикташ, а еднаш запиша два порази од Бешикташ во групата на Лига Европа.

Па ова е вистински момент да се впише пласман во плеј-оф рундата и, конечно, да се победат Турците.