Илија Несторовски одамна направи трансфер од Палермо во Удинезе, па дури одигра и неколку пријателски средни но „црно-белите“ дури денеска најдоа слободен термин да го претстават новиот играч во јавноста. Македонскиот репрезентативец ќе биде од голема помош во нападот на клубот од северот на Италија.

За мене да се биде дел од Удинезе е голема чест и голем чекор напред во мојата кариера. Ќе се потрудам со добри игри и голови ќе му се оддолжам на клубот за укажаната доверба“, изјави Несторовски кој додаде дека имал голема помош од својот поранешен соиграч од Палермо Мате Јајало и од хрватскиот играч Стипе Перица околу прилагодувањето во новата средина.

Знам се за Удине и за клубот од овој град затоа што живеам и дишам за фудбалот. Добро и бргу се вклопив во новата средина, Перица и Јајало ми помогнаа за експресно приспособување. Кога дојдов не познавав никого. Тие ме упатија во клубот. Зборував со Тудор, тој ми кажа што очекува од мене. Ми посочи само максимално да тренирам и дека се ќе виде во ред. Мислам дека имаме супер тим и сме посилни од претходно. Искрено, очекувам одлична сезона“, вели македонскиот голгетер.