Шкупи во овој летен преоден рок се засили со уште едно ново име, и тоа од Гамбија. Дембо Дарбое денеска беше промовиран од страна на чаирчани кои не кријат дека во претстојната сезона влегуваат со големи амбиции, како и скеогаш кога за Шкупи станува збор.

Дарбое беше извесно време на проба и откако ги задоволи вкусовите на струшниот штаб, чаирчани потпишаа со него двегодишен договор.