Кој си знае си знае, без разлика со кого и против кого игра. Иван Тричковски ја продолжи гол – серијата во квалификациите во Лигата на Европа. Тој попладнево на дуелот против Гент на Кипар, го спаси својот тим АЕК Ларнака од пораз. Тимот од Белгија водеше со 1:0 се до финишот на мечот, кога македонскиот репрезентативец успеа да ја затресе мрежата и да извади 1:1 пред реваншот за седум дена кој ќе се игра на гости.