Артим Положани, искусниот стопер, некогашен репрезентативец на Македонија, откако се чини дека ја заврши фудбалската кариера, продолжува како спортски директор. И тоа во тимот на Фљамуртари, клуб од Албанија за кој настапуваше и тоа успешно пред неколку месеци.

Фљамуртари пред некој ден назначи ново раководство во клубот, а функцијата спортски директор му е доверена на Положани. Да потсетиме дека Ндерим Неџипи, исто така наш фудбалер и некогашен репрезентативец, е спортски директор на Кукс, клуб од Албанија.