Денешна „Марка“, инаку весник што е близок со Реал Мадрид, во своето издание на насловната страна најавува „бомба“. Познато е дека „кралевите“ не можат да дојдат до Пол Погба ова лето, Килијан Мбапе е оставен за следното, па така сега Бразилецот е приоритет.

Флорентино Перез на ПСЖ му понудил 120 милиони евра плус Лука Модриќ, и веројатно тоа е прифатливо за „светците“. Досега Нејмар се врзуваше со Барса, сепак каталонците немаат толку пари за давање, а штом „Марка“ вели на својата насловна дека Нејмар е на хоризонтот на Реал, бидете уверени дека до крајот на преодниот рок тој пристигнува на „Сантијаго Бернабе“.

Можеби оваа сезона Зидан и ќе ја истера овака или онака, но следната со Азар, Нејмар, Погба, Мбапе, Куртоа, Крос, Реал ќе има нови „галактикоси“.