МВП играчот на ланскиот Ф4 во Келн и освојувачот на две европски титули со Вардар, Игор Карачиќ е ракометар чии трансфер од „црвено-црните“ редови во Келце е трансфер на сезоната 2019/2020 според ЕХФ.

Организаторот на играта на вардарци по седум години реши да си замине од Скопје, а тоа го направи со стил, како европски првак и како најкорисен играч на завршниот турнир во ланската сезона од Лигата на шампионите.

Покрај Карачиќ на топ-12 листата се најдоа и Рожерио Мораес, кој од Вардар преминува во Веспрем, како и Вуко Борозан, кој исто така ќе ги засили редовите на унгарскиот првак.

Натрансфер листата се најде уште и Лука Циндриќ, кој од Келце замина за Барселона.

Најдобрите трансфери за претстојната сезона може да ги видите ТУКА.

ЕХФ ТОП-12 ТРАНСФЕРИ ЗА СЕЗОНАТА 2019/2020:

1.Игор Карачиќ од Вардар во Келце

2.Расмус Лауге од Флензбург во Веспрем

3.Лука Циндриќ од Келце во Барселона

4.Рожерио Мораес од Вардар во Веспрем

5.Роланд Миклер од Веспрем во Пик Сегед

6.Гудјон Валур Сигурдсон од РНЛ во ПСЖ

7.Вуко Борозан од Вардар во Веспрем

8.Владимир Чупара од Келце во Веспрем

9.Винсент Жерард од Монпеље во ПСЖ

10.Лука Степанчиќ од ПСЖ во Пик Сегед

11.Андреас Волф од Кил во Келце

12.Константин Игропуло од Мешков Брест во Висла Плоцк