По Спартак со ангажманот на Андреа Ширле, Гус Тил и Џордан Ларсон на сцената застана Зенит со ангажманот на Малком, а по нив и Динамо Москва згрми со два убави трансфери. Популарните „полицајци“, порано недопирливи во Русија, а сега во сенка на другите московски клубови го засилија тимот со уште двајца фудбалери.

Едниот е 25-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд Максимилијан Филип кој доаѓа за 20 милиони евра. Филип потпишал четиригодишен договор и го добил дресот со број 5.

Другиот е искусниот дефанзивец Роман Нојштетер, добро познат фудбалер во Русија и пошироко, екс-играч на Шалке и Борусија Менхенгладбах, а и актуелен руски репрезентативец. Нојштетер доаѓа од Фенербахче како слободен играч.

„Динамо е клуб со богата историја. Ме привлекоа големите амбиции на клубот, нивниот интересен проект и сакам  да бидам дел од него“, изјави фудбалерот роден во Дњепар, Украина.

Ова лето Динамо се засили уште со напаѓачот Клинтон Н’Жи од Марсеј, офанзивниот играч за врска Себастијан Шумански од Легија Варшава, играчот за врска Чарлс Каборе од Краснодар, левиот бек Игор Калинин од Рубин,  централните бекови Зорбек Плиев од Ахмат Грозни и Иван Ордец од Шахтјор Доњецк.