Прва победа на кадетската селекција на СП во Скопје. Нигерија „падна“ во СЦ „Јане Сандански“ бидејќи немаше решение за одличниот Ненад Костески, кој со 13 погодоци беше МВП на мечот, како и одличните голмани Кизиќ и Петковски, кој одбрани два седмерци во клучните моменти од дуелот.