Веќе неколку денови во Дојран, се одржува камп за селекцијата на играчи до 17 години. Се работи напорно под будното око на селекторот Горан Станковски – Гама. Денеска се одигра и пријателски меч со тимот на Академија Пандев, генерација 2001 – 2002 година, и нашата селекција победи со 5:1. Стрелци на головите за избраниците на Гама беа Албан Лимани два, а по еднаш стрелаа Емир Сахити, Борче Гогов и Бесмир Демири.