Македонија, селекција до 15 години, утре и во понедлник во Белград, ќе одигра две пријателски средби со соодветната селекција на Саудиска Арабија. Селекторот Драган Канатларовски за овие два меча ги повика следните 22 репрезентативци: Стефан Тасев (Вардар), Васко Василев (Ц. Звезда), Мирче Стоилов (А. Пандев), Енис Буки (Шкупи), Бленд Зекири (Работнички), Марко Ристов (Работнички), Игор Јаневски (Вардар), Максим Милошевски (Вардар), Никола Павлевски (Вардар), Матеј Ангелов (Рабитнички), Матеј Георгиев (Брегалница), Мите Митев (А.Пандев), Хамза Меметрица (Шкендија), Матео Софијановски (Њу Старс), Марко Софијановски (Њу Старс), Бесарт Гуџуфи (Вардар), Огнен Здравковски (Вардар), Михаил Талевски (Работнички), Георг Стојановски (Вардар), Дашмир Елези (Шкендија), Марко Треневски (Њу Старс), Џезаир Абдули (Шкендија).