Доминиканецот Маријано Дијаз е нов играч на Рома, тврди Газета дело Спорт, која пренесува дека преговорите меѓу „волчицата“ и 26-годишниот напаѓач се во завршна фаза.

Дијаз пред година дена од Лион се врати во Реал Мадрид како замена за Кристијано Роналдо, но не се изнаигра многу, а дека не е во плановите за оваа сезона стана јасно откако неговиот број седум му припадна на Еден Хазар.

Рома годинава ќе го земе Дијаз како позајмица, а следната ќе го откупи неговиот договор за 20 милиони евра. Тоа исто така значи дека Рома ќе го пушти Един Џеко во Интер, тврди Газета дело Спорт.