Нов срамен пораз на Драгон во квалификациите во Лигата на Шампионите. Во Групата 1, кој се игра во БиХ, денеска во Сараево, нашиот женски шампион со 11:0 е поразен од тимот на Бреидаблик од Исланд.

Едноставно фудбалерката која се презива Торвалдсдотир, постигнала дури четири голови во мрежата на Драгон. Да потсетиме дека на првиот меч против Сараево, девојките од тимот на Драгон успеаја да примат „само“ пет голови.