Младиот македонски репрезентативец Тихомир Костадинов играше за Ружомберок во поразот од Жилина со 3:2 во 4. коло од словачкиот шампионат.

Неочекувано Жилина поведе со 3:0 по првите 45 минути на гости, а домашните во второто полувреме се вратија со два брзи гола, а иако имаа играч помалку во последните триесетина минути не успеаа да спасат бод.

Костадинов асистираше за првиот гол на Ружомберок, а го постигна вториот.