Шпанскиот тенисер Рафаел Надал обезбеди пласман во полуфиналето на мастерс турнирот во Монтреал откако во четвртфиналето со 2:6, 6:1, 6:2 го елиминираше Фабио Фоњини.

Италијанецот имаше подобро отворање на натпреварот, но Надал се избори за комплетно враќање во мечот и победа со која не само што го зголеми рекордот во победи на турнирите од серијата 1.000 туку оди кон својата рекордна 35. Мастерс титула во кариерата или вкупно петта на Канада опен.

Надал во полуфиналето го чека победникот од натпреварот меѓу Монфис и Баутиста, кој поради дожд беше одложен неколку часа и се игра во моментов.

Во другото полуфинале ќе гледаме руски дуел со оглед на тоа дека Карен Качанов се среќава со Дани Медведев.