Холандскиот шампион Ајакс направи голема работа со тоа што ги задржа двете движечки сили во екипата Давид Нерес и Хаким Зијеш. Бразилскиот крилен напаѓач Нерес пред два дена стави потпис на договор со 2023 година и со тоа експресно ја одби понудата на Манчестер Јунајтед. Ајакс можеше да добие 50 милиони евра, но Нерес оцени дека подобро му е во Ајакс отколку на „Олд Трафорд“.

Нерес пристигна во Ајакс во 2017 година од Сао Пауло за 12 милиони евра.

 

А Хаким Зијеш стави потпис на договор до 2022 година. И за него имаше голем интерес преку летото, се споменуваше Баерн Минхен, но мароканскиот репрезентативец реши да остане во Ајакс. Тој всушност го продолжи претходниот договор на уште една година.

Зијеш ја почна кариерата во Херенвен, играше и за Твенте, а во Ајакс дојде во 2016 година за 11 милиони евра.