Иван Марковиќ од Работнички е стрелецот на првот гол сезонава, тој со убав шут со глава му донесе водство на својот тим во 8. минута на мечот со Струга Трим Лум. Израмни Мустафов во 22. минута со прекрасен шут од околу 22 метри. Отворена игра од двете страни, Трим Лум преку Шеи и Таири, како и Кировски имаа шанси кај домашните, додека Ацковски имаше зицер за Работнички. Што ли утна Паповиќ во 43.минута кога се сплетка на само 5-6 метри од голот на домашните. Во финишот на првиот дел Кировски и Лена можеа да погодат за водство на Струга Трим Лум.

Во дербито во Струмица без голови. Шкендија беше таа што доминираше и имашен шанса преку Агим Ибраими и зицер преку Жуниор, но мрежите мируваа на „Младост“.

Во Тетово со евро-голот на Велија, Ренова води со 1:0 против Силекс. На Чаир домашните играчи имаа иницијатива, но мрежата на Борец остана незатресена.

 

 

РЕЗУЛТАТИ ПО 45.МИНУТИ

Струга Трим Лум – Работнички 1:1

А. Пандев – Шкендија 0:0

Шкупи – Борец 0:0

Ренова – Силекс 1:0

Утре:

Вардар – Македонија ЃП