Зарем минаат толку брзо 35 години. Имено на денешен ден, на 10 август 1984 година на ОИ во Лос Анџелес, нашиот Шабан Трстена го покори светот, стана олимписки првак. Во тие години скопјанецот кој се бореше во слободен стил, беше едноставно најдобар во светот. Немаше милост кон никого. Шабан и претходно, и после тие ОИ освојуваше медали, но никогаш не го надмина тој најголем успех во неговата кариера. Македонија има со што да се гордее, тоа злато веројатно е најголемиот успех на некој наш спортист.