Силните ветрови го турнаа покривот на стадионот на холандскиот фудбалски клуб АЗ Алкмар. Дел од покривот на главната трибина попуштил и се урнал предизвикувајќи само материјална штета. Добро што немало натпревар на „АФАС арена“ денеска инаку ќе било многу лошо. Својот првенствен натпревар АЗ го игра утре против РКЦ Валвијк.

Во Холандија во последните два-три дена има големо невреме. На делови од земјата дуваат силни ветрови, во некои краеви има и бура, а вчера во Амстердам било забележано и торнадо.