Ристе Митревски е нов член на кипарскиот Енозис Паралими.

По одисејата, и тоа непријатна со романскиот Сепси, искусниот стопер се реши кариерата да ја продолжи на Кипар во еден од најдобрите клубови во таа земја. Митревски утринава беше официјално претставен од Енозис, наведувајќи дека тоа ќе биде големо засилување за овој тим.

Инаку Митревски успешно играше во Израел, Хрватска, а покрај другите играше и за Металург, Работнички и др. Клубови.