Компанијата MOZZART и Кошаркарскиот сојуз на Србија ќе бидат партнери во наредните четири години, а целта им е да се збогати колекцијата на медали, почнувајќи од Светското првенство во Кина кое се одржува од 31. август до 15. септември.

Балканскиот гигант во игри на среќа MOZZART пред неколку денови стана ексклузивен бетинг партнер на фудбалскиот клуб Црвена Звезда, а сега стана и бетинг партнер на КСС.

Горди сме што станавме дел од голема и успешна спортска фамилија  – Кошаркарскиот сојуз на Србија. Партнерството со КСС за компанијата MOZZART  е всушност продолжување на стратешките определби да вложуваме и да го поддржуваме спортот колку што можеме, но ова исто така е уште една потврда дека најдобрите одат со најдобрите. Цврсто веруваме во нашите момци и се надеваме дека нашата поддршка барем малку ќе им го олесни патот до нови медали“, изјави Дејан Ќировиќ, извршниот директор на компанијата Mozzart.