Канаѓанката со романско потекло, Бјанка Андрееску е освојувачка на силниот ВТА турнир во Торонто, Роџерс купот.

Таа до пехарот дојде откако нејзината ривалка во финалето, мериканката Серена Вилијамс беше принудена да го предаде мечот поради повреда на грбот при резултат, 3:1 во гејмови во првиот сет.