Силен е овој Тиквеш. Тоа може да се заклучи од денешнoто издание на момците на тренерот Љупчо Димитковски, кои среде Битола со 4:1 просто го „торпедираа“ домашниот состав на Пелистер.

Инаку се играше на стадионот под „Тумбе Кафе“ по многу топло време.  Стрелци на головите на кавадарчани,на овој пријателски меч беа Мојсов два, Ристевски и Митев по еден, додека за „зелените“ почесниот гол го даде ветеранот Борче Маневски.