Второлигашот Осогово се пофали со нов фудбалер во своите редови за новата сезона. Во кочанскиот клуб доаѓа 18-годишниот Лука Здравковски кој доаѓа од хрватскиот тим Истра, а со новакот во второлигашкото друштво тој се договори за едногодишна соработка.

Овој млад играч за врска беше дел од Академија Пандев и Њу Старс од Скопје, а краток период бил и во италијанскиот Удинезе.