Каков пресврт, каква понуда од Динамо Загреб за својот бисер Шпанецот Дани Олмо. Имено „модрите“ му нудат 10 милиони евра, или по два годишно, само тој и натаму да го носи дресот на хрватскиот гигант. Таква понуда тешко се добива и од многу поголеми клубови.

Во откупната клаузула стои дека секој што сака да го купи Олмо, ќе мора да издвои 50 милиони евра. Да потсетиме дека неколку клубови ова лето „загризаа“ за Олмо, како Манчестер Јунајтед и Баерн кои нудеа по 24 и 28 милиони евра, но Динамо не би бил Динамо ако не ја шокира јавноста со некој супер потег.