Голманот Трајче Китановски е нов член на најстариот клуб во Македонија, ФК Љуботен од Тетово. Се работи за поранешниот голман на Вардар, Скопје, Локомотива, ФК Зорбас Победа и претставува најголемо засилување за клубот од Тетово за новата сезона во Третата лига – Запад.

Искусниот, 30-годишен чувар на мрежата потпиша договор на две сезони со можност за продолжување на уште една.