Интересен момент уловен од камерите на натпреварот помеѓу Динамо Москва и Зенит на „ВТБ арената“ во руското првенство. Додека судијата Евгениј Турбин му покажа жолт картон и го запишуваше играчот во својот тефтер, се случи нешто интересно. Новакот во Зенит, скапоплатениот Малколм кој беше далеку од местото на настанот шутна од 40 метри, а топката го погоди токму судијата. Турбин со намрштено лице почна да гледа наоколу барајќи го „виновникот“, а кога го пронајде само му го покажа палецот нагоре – „браво дечко“.

Инаку Зенит победи со 2:0.