Пред само неколку дена Ромелу Лукаку се пресели од Манчестер Јунајтед во Интер, а веќе покажа дека е вистинско решение за тимот.

Во своето деби, на пријателскиот меч против Виртус Бергамо, на кое Интер славеше со 8:0, Лукаку постигна четири од нив.

Антонио Конте вистински ги тестира силите на тимот, со оглед на тоа дека на овој натпревар им даде шанса на играчите од младиот тим, но и со таков состав беа пресилни за нисколигашот.