Андреа Довициозо е сензационален победник на неверојатната тргка за Големата награда на Австрија, 11-та во календарот од Мото ГП шампионатот. Италијанецот на својот тим му го донесе четвртиот триумф по ред на „Ред Бул ринг“, откако во директен дуел го победи бранителот на титулата Марк Макрез кого го претекна во последнат кривина. Инаку Шпанецот стартуваше од пол позицијата откако за тоа се избори во саботните квалификации. На тој начин, Маркез остана без триумф во Шпилберг, а само на таа патека нема победено во кралската класа.

Разликата меѓу нив изнесуваше две десетинки, а на подиумот се качи и Фабио Квартарато од Петронас Јамаха.

Маркез и Довициозо од стартот влегоа во дуел, а по грешката на возачот на Репсол Хонда двајцата малку забавија во поредокот, додека на чело изби Квартараро после првиот круг. Меѓутоа, бргу работите дојдоа на место, Маркез се врати на чело, а Довициозо се нареди веднаш зад него и константно го напаѓаше до самиот финиш.

Три круга пред крајот, Маркез тргна агресивно, Довициозо му возврати и следуваше нивна голема борба. Иако во еден момент се чинеше дека Шпанецот ќе се одвои, возачот на Дукати се врати за да му зададе конечен удар во последната кривини и така вторпат во кариерата да слави во Шпилберг, втора година по ред.

Следната трка во МотоГП шампионатот е на „Силверстон“ во Обединетото Кралство на 25. август.