Напаѓачот Влатко Стојановски ова лето направи сензационален трансфер од Ренова во редовите на францускиот Ним. Во подготвителниот период настапи на неколку пријателски натпревари, а постигна и гол. Тренерот за него има големи планови, а тој требаше да биде во протоколот за мечот против големиот ПСЖ на „Паркот на принцовите“ меѓутоа отпадна. Причината – несредени документи.

„Многу сакав да дебитирам против Пари Сен Жермен. Тоа ќе беше прекрасно за мене, но за жал нема да го направам тоа. Еве средувам документи“, изјави Стојановски.

Сепак, нашиот интернационалец се надева дека за брзо време ќе бидат решени проблемите и ќе дебитира во 2. коло кога со својот Ним ќе биде домаќин на Ница.